Европската комисија потврди: Хрватска подготвена за Шенген
Европската комисија оцени дека Хрватска ги исполнила неопходните критериуми за влез во Шенген-зоната и го повика Советот на ЕУ да ја вклучи Хрватска во просторот без внатрешни гранични контроли.
„Европската комисија смета, врз основа на резултатите од шенгенскиот процес за евалуација започнат во 2016 година, дека Хрватска ги презела неопходните мерки за да ги обезбеди потребните услови за целосна примена на правилата на Шенгенот и дека се исполнети стандардите“, се наведува во денешното соопштение на Комисијата.
Хрватските напори за исполнување на шенгенските услови ги пофали и претседателот на Еврокомисијата Жан-Клод Јункер.
„Пофалби за Хрватска за нејзините напори и упорност да ги исполни сите потребни услови за влез во Шенген-зоната. Само преку зачувување на единството и преку заедништво можеме да обезбедиме посилна Шенген – зона. Затоа верувам дека земјите-членки ќе ги преземат вистинските чекори за Хрватска наскоро да стане полноправна членка на Шенген – зоната. се наведува во соопштението од канцеларијата на Јункер.
Сепак, ова не значи дека Хрватска веднаш ќе влезе во Шенген-зоната, бидејќи станува збор за политичка одлука. Бугарија и Романија уште од 2011 година имаат позитивна евалуација од Европската комисија, но се уште не се дел од Шенген просторот, бидејќи нема согласност од сите држави.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени