Во Делчево почнаа активности од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево, во соработка со општинските основни училишта „Св.Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“, детската градинка „Весели Цветови“ и полициската станица од Делчево, започна со спроведување на сообраќајно превентивната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Акцијата, како што информираше Николинка Петровска Мавродиева, е дел од годишната програма за работа на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.
– Цел на оваа акција е запознавање на првачињата и децата од претшколска возраст со основните правила и прописи во сообраќајот и сообраќајната сигнализација, преку едукативни предавања со презентација на сообраќајниот буквар и одржување на нагледни предавања на улица со сообраќајната полиција, истакна претседателот на Општинскиот совет за безбедност на патниот сообраќај, Николина Петровска Мавродиева.
Во рамки на првите предавања, како што додаде, учествуваа 35 деца од претшколска возраст и 29 првачиња, а планирано е со акцијата да бидат опфатени вкупно 194 деца.
– Оваа акција е поддржана и од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој за дечињата обезбеди боенки, сообраќајни лектири и банери, додаде Петровска Мавродиева.
![]()
Освен предвидените акции за подигнување на јавната свест од возачите кон пешаците, во наредниот период, како што додадоа од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе се реализираат и други воспитни манифестации и сообраќајни кампањи.
Ново на Сител
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
-

Победа и пораз на македонските репрезентации на шаховската Олимпијада
