Заев дојде во суд да сведочи за „Таргет Тврдина“
Премиерот Зоран Заев попладнево дојде во Основниот кривичен суд во Скопје за да сведочи на судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска.
За случајот досега сведочеа Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
Ново на Сител
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор
-
НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
-
Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Наместо да го стави во употреба директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево