-->
-->
ЛЕ: Вкупно 15 екипи по 5.коло изборија пласман во нок аут фазата
-->

Во рамките на Лига Европа синоќа се натпреварите од претпоследното 5.коло.
По оваа рунда пласман во нокаут фазата обезбедија уште 11 екипи: Ливерпул, Краснодар, Виљареал, Брага, Лацио, Сент Етијен, Базел, Тотенхем, Шалке 04, Спарта Прага и Атлетик Билбао. Претходно тоа веќе го имаа направено: Молде, Борусија Дортмунд, Наполи и Рапид Виена.
Единствено екипата на Напои има максимален учинок - пет победи.
Во последното коло, кое се игра на 10 декември, останува да се пополни бројката до 32 екипи кои на пролет ќе играат во 1/16 финалето на ова натпреварување заедно со третопласираните екипи од групите од Лигата на шампионите.
Македонскиот интернационалев Иван Тричковски ги одигра 82 минути на дуелот Легија - Митјиланд (1:0), на кој неговата екипа славеше победа.
Резултати од 5.коло во УЕФА Лига Европа:
Група A: Молде – Фенербахче 0-2 и Селтик – Ајакс 1-2.
Табела: Молде 10 бодови, Фенербахче 8, Ајакс 6 и Селтик 2.
Група Б: Рубин Казан – Сион 2-0 и Ливерпул – Бордо 2-1.
Табела: Ливерпул 9, Сион 8, Рубин Казан 5 и Бордо 3.
Група Ц: Краснодар - Борусија Дортмунд 1-0 и ПAOK Солун – Кабала 0-0.
Табела: Борусија Дортмунд 10, Краснодар 10, ПAOK 4 и Кабала 0
Група Д: Легија Варшава – Митјиланд 1-0 и Бриж – Наполи 0-1.
Табела: Наполи 15, Митјиланд 6, Бриж 4 и Легија Варшава 4.
Група Е: Динамо Минск - Викторија Плзен 1-0 и Виљареал - Рапид Виена 1-0.
Табела: Виљареал 12, Рапид Виена 12, Викторија Плзен 3 и Динамо Минск 3.
Група Ф: Олимпик Марсеј – Гронинген 2-1 и Брага - Слован Либерец 2-1.
Табела: Брага 12, Олимпик Марсеј 9, Слован Либерец 7 и Гронинген 1.
Група Г: Розенборг – Сент Етијен 1-1 и Лацио – Днипро 3-1.
Табела: Лацио 13, Сент Етијен 8, Днипро 4 и Розенборг 2.
Група Х: Локомотив Москва - Спортинг Лисабон 2-4 и Бешикташ – Скендербег 2-0.
Табела: Бешикташ 9, Локомотив Москва 8, Спортинг Лисабон 7 и Скендербег 3.
Група И: Белененсес - Лех Познањ 0-0 и Базел – Фиорентина 2-2.
Табела: Базел 10, Фиорентина 7, Лех Познањ 5 и Белененсес 5.
Група Ј: Карабах – Тотенхем 0-1 и Монако – Андерлехт 0-2.
Табела: Тотенхем 10, Андерлехт 7, Монако 6 и Карабах 4.
Група К: Спарта Прага - Астерас 1-0 и Шалке 04 - АПОЕЛ Никозија 1-0.
Табела: Шалке 04 11, Спарта Прага 9, Астерас 4 и АПОЕЛ Никозија 3.
Група Л: АЗ Алкмар – Партизан 1-2 и Аугсбург - Атлетик Билбао 2-3.
Табела: Атлетик Билбао 12, Партизан 9, Аугсбург 6 и АЗ Алкмар 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Чекориме кон современо одржливо и европско управување со отпадот
-

Пикот на сезонскиот грип ќе биде во наредните две до три недели, изјави Алиу
-

Министерот Борко Ристовски со порака за ракометарите – Играјте со срце за Македонија!
-

Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани на годишно ниво
-

Гренландскиот премиер остро реагира на заканите на Трамп дека ќе ја преземе контролата врз Гренланд
-

Тошковски: Можно е заострување на казнената политика за пиротехнички средства
-

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
-

ДИК усвои финансиски план од 153,2 милиони денари и ги заокружи подготовките за локалните избори
