Палмер утре во Приштина на средба со студенти и претставници на граѓанското општество

Специјалниот пратеник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) за Западен Балкан, Метју Палмер, утре ќе престојува во Приштина, каде што ќе има средба со студенти и претставници на оргнизациите на граѓанското општество, објави Амбасадата на САД во Косово.
Засега нема информации за тоа дали освен со студентите и невладините активисти, на кои ќе им се обрати во Националната библиотека, Палмер ќе се сретне и со државни и политички лидери на Косово.
„Заменик-помошникот државен секретар на САД, воедно специјален пратеник на државниот секретар за Западен Балкан, Метју Палмер ќе се обрати на публика составена од студенти и претставници на граѓанското општество. По обраќањето, тој ќе одговара на прашања од таа публика. Настанот е закажан за во 15 часот, в петок“, се наведува во соопштението на Амбасадата на САД во Приштина.
Американскиот дипломат ќе престојува во Косово по еднодневната официјална посета на Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
-

Две лица од Радовиш произведувале и продавале мраз со бактерии, запленети 850 килограми
-

13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром, заврши во болница
-

Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години
-

Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
-

Во Њујорк одбележана 35-годишнината од независноста
-

Андоновски: Нов Центар за услуги за граѓаните на Кочани, се олеснува пристапот до услугите на институциите
