Заев: Инвестираме во човечкиот капитал

Премиерот, Зоран Заев денеска од Штип на поставување на првиот електричен столб од новиот далековод од Штип кон Пробиштип рече дека очекува да се најде начин за оптимално прифаќање на барањата на синдикатите за зголемување на платите на вработените во образованието, полицијата, пензионерите, работниците. Нагласи дека како Влада се посветени да инвестираат во човечкиот капитал, а не како што рече, во претходниот период на различни „глупости“, како што се жални врби, музеи и фасади. Во моментов е посветен на мерката супституција на придонесите.
-Оваа мерка буквално дава можност да се дигнат 782.000 плати во државата. Толку се вработени граѓани во нашата земја. Верувам дека проектот ќе биде успешен, би бил задоволен со 10 до 20 посто успешност, заради тоа што имаме институции каде што платите се високи и се даваат сите на сметка, ако тој процес сам по себе биде успешен, дури да ги одговориме и сите очекувања на синдикатите, тоа ќе значи и прв процес за зголемување на платите, вели Заев.
Смета дека со зголемувањето на платите ќе се подобри животниот стандард на населението, но ќе донесе и раст и развој на земјава.
Прашан за барањата на текстилниот Кластер за зголемување на работното време за половина час, како и да се скратат празниците, Заев со став дека тоа е една вечна борба меѓу коморите и работниците. Смета дека затоа и постои социјалниот дијалог.
-Ако барањата се изнасилени, тоа ќе биде одбивно за другата страна, без разлика од која страна доаѓа барањето. Само со договор има профитабилност има корист од работата, а секако и за работниците и за работодавачите, вели Заев.
Апелира и двете страни да седнат и да се договорат, но и Законот за работни односи да се почитува.
-Многу е значајно ако двете страни се договорат да работат за време на празници или да работат дополнително од работното време, се знае дека тоа мора да биде екстра наплатено на работниците и во согласност и со договор со нив. Никако изнасилено, заради тоа што тоа е казниво по закон, вели Заев.
Ново на Сител
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
-

Трамп: Антисемитизмот во САД во моментов е како во Германија во 1938 година
-

Мицкоски: Правиме се да останеме земја со убедливо најниски цени горивата, струјата и греењето во Европа
-

Приведен 42-годишник на Граничен премин Табановце - Возилото кое го управувал било предмет на потрага на Интерпол
-

Кривична за 19-годишник од Кочани, направил експлицитни снимки од 18-годишна девојка без нејзина дозвола
-

Од утре повремен дожд и пониски температури
-

Јаневска во посета на Јапонија: Отворање нови можности за продлабочување на соработката
-

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик, јасна е одлуката на Венециската комисија
