ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Закон за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Закон за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владејачкото мнозинство.
Имено, Законот за трговија зелени пазари го донесе гласачката машинерија на СДСМ во јануари 2018 година во отсуство на ВМРО – ДПМНЕ.
СДСМ искористувајќи го отсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието набрзина како и сите останати закони, го донесе овој штетен закон без никаква консултација ниту со пазарџиите, ниту со експертската јавност.
По бројните притисоци од сите заинтересирани страни односно пазарџиите и организаторите на пазарите, примената на Законот, на крајот на јануари 2019 година, беше одложена до почетокот на 2020 година. Ваквото решение беше исклучиво за смирување на пазарџиите кои протестираа во пресрет на најавените претседателски избори.
На 50тина дена до денот на стапување во сила на овој штетен Закон за пазарџиите и организаторите на пазарите, ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата предлагаат истиот да престане да важи.
Ваквото барање за измени на Законот за трговија на зелени пазари за престанување на важење на Законот доаѓа по консултации со пазарџиите и организаторите на зелените пазари.
Знаеме дека нашиот предлог по вторпат ќе биде одбиен. Сите се свесни дека Зоран Заев ќе прифати се, па дури и одлагање на стапувањето во сила на Законот поради предвремените парламентарни избори на пролет. Но, она што е најбитно дека ниту еден предлог кој ќе биде на предлог на Владата предводена од Зоран Заев нема да го реши проблемот на пазарџиите.
Новата Влада на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ ќе изврши консултации со сите засегнати страни, пазарџии и организатори на пазари и ќе се донесе законско решение со кое ќе се задоволат сите засегнати страни.
Ново на Сител
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
-

Ѓорѓиевски: Исплатена финансиска поддршка за сите онколошки пациенти кои ги исполнија условите
-

Сопственикот на „Црно Брдо“ осомничен за пожари во Хрватска
-

Мицкоски: Армијата е симбол на чест, дисциплина и посветеност
-

Стјуардесите и пилотите со најголема стапка на смртност од рак поради космичко зрачење
-

Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор
-

Уште еден починат од западнонилска треска на Инфективната клиника, хоспитализирани 20 пациенти од кои пет со потешка клиничка слика
