Општина Кочани дава поддршка на граѓанскиот протест и иницијативата за чист воздух
Претставници на граѓанското движење за чист воздух од Кочани попладнево се сретнаа со градоначалникот Николчо Илијев и го информираа за состојбите и активностите што се преземаат за да се подобри квалитетот на амбиенталниот воздух во општината и регионот.
На средбата градоначалникот Илијев ја истакна поддршката што локалната самоуправа ја дава на барањата на граѓанското движење, кое за утре најавува организиран протест. Притоа информираше за конкретните мерки што континуирано се преземаат за да се спречи горењето и чадот од Градската депонија кај Кочани.
– Сите сме за почист воздух, поради што се придружувам кон протестот на граѓанското движење, заеднички да се избориме за поздрава животна средина на начини во рамките на законските одредби и пропишаните надлежности. Вршиме површински третман на депонијата со земја што се вади од неколку градежни локации, а наменивме 1,2 милиони денари за силиконско затворање на внатрешните жаришта и за спречување на чадењето на депонијата. Исто така, вклучени сме во проектот за регионална депонија по европски стандарди, со што Градската депонија во Кочани целосно ќе се затвори, а отпадот ќе се транспортира во регионален центар, истакна Илијев.
На средбата стана збор и за загадувањето на воздухот со палењето на стрништата и сламата, при што градоначалникот нагласи дека се преземаат сет-мерки меѓу кои се собирањето на сламата од која ќе се произведува ѓубриво за посевите, подигање на јавната свест за штетите по животната средина од палењето на стрништата, како и поддршка за доследно изрекување казнени мерки за лицата кои ги палат нивите.
– Формиравме четири инспекциски тима со двосменска работа како дополнително засилување на општинската инспекција за животна средина и најавуваме дополнителен мониторинг на состојбата на воздухот во Кочани. Кај надлежните државни инспекторати инсистираме совесно да интервенираат и да донесуваат соодветни решенија за фирмите со А и Б интегрирани дозволи, а со последното решение од Инспекторатот за животна средина на една кочанска фирма ѝ е даден рок за поставување филтер на оџакот, информираше градоначалникот Илијев.
Претставниците на граѓанското движење за чист воздух во Кочани ги истакнаа иницијативите кои сметаат дека се соодветни за побрзо справување со загадувачите на воздухот. Притоа го повикаа градоначалникот и општинската администрација да се вклучат во протестот за чист воздух.
Ново на Сител
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото