Мицкоски: За нас нема алтернатива освен полноправно членство во рамките на ЕУ
За нас нема алтернатива освен она кое што го зборуваме цело време, а тоа е полноправно членство во рамките на Европската Унија, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната трилатерална средба во Охрид за т.н „Мал Шенген“.
– И во минатото кажавме, и сега ќе го повториме истиот став дека секоја можност која Македонија може да ја искористи, а да се подобри квалитетот на животот на граѓаните, треба да се искористи, но тоа се решава со билатерални договори, смета Мицкоски.
Тој рече дека нема информација какви се одлуките и што се разговарало, но призна дека за време на нивната последна лидерска средба во кабинетот кај претседателот Стево Пендаровски побарал објаснување.
– Тогаш добив објаснување од две реченици кое што буквално не беше ни на ниво на енциклопедиско објаснување, а камо ли за некакви суштини. Така што од она што можеме да го слушнеме на нивните прес – конференции и од она што циркулира во јавноста, не можам да извлечам точен заклучок за што точно се работи, ниту пак имам било каква информација, но ќе повторам, за Македонија не постои друга алтернатива освен полноправно членство во рамките на Европската Унија, рече Мицкоски
Ново на Сител
-
Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
-
Двојните избори ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари
-
Упатство за гласање
-
Отворени избирачките места