Македонија 2025: Неопходен е поголем економски раст за подобар стандард
Како македонските граѓани да имаат ист стандард со оние од развиениот свет? Растот од 3,7 отсто е добар, но не е доволен. За да се подобри квалитетот на животот, мора да се испорачаат стапки од 5,6%, но мора да постои ментален склоп кај 2 те политички партии, за да го поддржат тоа. Ова е пораката од дијаспората , чија цел е половината милион иселеници да и помогнат на земјава, да споделат искуства, да донесат нови технологии, знаења, иновации и инвестиции
- Инвестициите, иновациите, образованието, деловното опкружување, животната средина и корупцијата, се се области кои треба да се подобрат за поголем економски раст и за нив ќе се зборува на самитот, изјави Никица Мојсовски, извршен директор на Македонија 2025
Бизнисот бара и политичка стабилнист - Владата мора да ги слушне и да ги консултира при носењето закони. Ако згреши, како што беше случајот со прогресивниот данок, добро е и треба да имаат храброст да го повлечат
За дијаспората е разочарувачки што Македонија не доби датум за преговори со Еу, но треба да ја поттикне власта да преземе реформи и да се справи со корупцијата. Очекуваат влезот во НАТО да донесе поголема стабилност и повеќе странски инвестиции. Инаку на Самитот Македонија 2025 учествуваат над 400 учесници од 60 тина земји, каде ќе се бараат потенцијални партнери на македонските компании и евентуално освојување на нови пазари.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар