Србија од јануари водедува електронско аплицирање „е-странец“ за дозвола за работа за македонски државјани
„Полесна трговија, минување на стока без царини и чекање, патување без пасоши, полесно вработување во Србија, Северна Македонија и Албанија за граѓаните на тие земји, изјави српскиот министер за труд, вработување и социјални прашања Зоран Ѓорѓевиќ, објаснувајќи го за РТС договорот на претседателот Александар Вучиќ и премиерите Зоран Заев и Еди Рама за т.н. „Мал Шенген“.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ѓорѓевиќ најави дека „Србија ќе направи чекор понатаму и почнувајќи од 1 јануари, ќе ја воведе апликацијата „е-странец“ – можност за електронско аплицирање во амбасадите на Србија за добивање однапред виза за престој, како и можност за паралелно аплицирање во Националните служби за вработување, со што забрзано ќе може и пред пристигнувањето на работниците во Србија, да се добие дозвола за работа.
-Секој граѓанин на Северна Македонија или Албанија, границата ќе може да ја помине со лична карта или пасош и кога ќе влезе во Србија ќе може електронски да аплицира, тој или работодавчот, преку мобилен телефон или преку интернет, да аплицира за продолжување на рокот за престој од 90 дена, со што ќе може воедно да биде пријавен и во Централниот регистер, рече министерот Ѓорѓевиќ, дополнувајќи дека со тоа за странскиот државјанин ќе важат истите правила и процедури како и за српските работници.
Според него, Србија работи на предлогот на нацрт договорот, кој треба да се усогласи и да се верификува во српското собрание и кој подразбира дека исти услови ќе имаат и српските граѓани кои ќе бараат работа во Северна Македонија и во Албанија.
-Ние вчера го завршивме драфт-договорт и разгорите со колегите од другите земји се во тек и ќе влеземе во процедура и очекувам сето ова да оди многу бргу, изјави Ѓорѓевиќ, кој додаде дека „Србија сака да биде атрактивна, да нема лимит кога е во прашање работната сила.“
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите