МАПАС: Рокот за поднесување изјава за членовите со бенифициран стаж истекува на 30 ноември

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) информира дека најдоцна до 30 ноември 2019 година може да се поднесува изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд.
– Согласно законските измени од 2 септември 2019 година членовите на задолжителните пензиски фондови кои веќе стекнале стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став 3 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд, најдоцна до 30 ноември 2019 година, се наведува во соопштението на МАПАС.
Агенцијата посочува дека изборот се врши со писмена изјава, а доколку членовите до овој рок не го остварат правото за избор, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 декември 2019 година.
– По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметки на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ). Членовите кои нема да го остварат правото на избор остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе остварат пензија, се вели во соопштението на МАПАС.
Ново на Сител
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
