Бизнис
28. November 2019 - 12:57

Ревизорите бараат итно да се избере главен државен ревизор

90-тина ревизори бараат итно да се избере главен државен ревизор. Велат дека не можат да си ја вршат својата работа, а не можат ниту да земат плата, ниту да ги исплатат режиските трошоци.

Од 54-те планирани ревизии, 12 се уште се во тек и треба да бидат завршени до крајот на годината. Досега поднесени се само 11 целосни извештаи, а останатите чекаат потпис од првиот ревизор.

Ревизија е планирана во СЈО и пред последните случувања, односно извештајот за доделување енормни бонуси на обвинителите.

Но, без потпис од главниот државен ревизор не може да се спроведе.

 

Даниел Василев