Спасов: Преку мерката за вработување млади до 29 години отворени 10.750 работни места

Вкупно 10.750 работни места во 5.200 приватни компании се отворија изминатава година преку мерката за вработување млади до 29 години, рече денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по посетата на приватната штипска компанија „Кит-Го“.
Токму „Кит-Го“, истакна Спасов, со вработени 151 младо лице, е успешен пример за искористување на владината мерка која предвидува една година ослободување од социјални придонеси и персонален данок, како и дополнително уште една година обврска за задржување на младите на работа.
Мерката за вработување млади продолжува да трае до средината на март 2016 година
- На ниво на Штип во изминатава година и неколку месеци, преку само оваа мерка досега се вработија околу 930 млади лица во приватните компании користејки ги поволностите за вработување до 29 години, напомена Спасов.
Тој ги повика сите заинтересирани приватни компании да ги искористат поволностите на оваа мерка и да направат значителна заштеда за отворање нови работни места, средства кои, како што подвлече, ќе ги наменат за развој на бизнисот и кои ќе помогнат за раздвижување на економијата.
Градоначалникот Илчо Захариев кој беше во придружба на министерот Спасов додаде дека политиките за вработување на Министерството за труд овозможија бројот на невработени во општина Штип да биде најмал. - Штипскиот бизнис знае да реагира на добрите политики и стимулациите што ги дава Владата, оцени Захариев.
Изразувајќи задоволство од бенефициите од мерките за вработување млади, сопственикот на команијата „Кит-Го“ Кире Гогов рече дека дел од овие средства што државата ги нуди за приватните компании како ослободителни се користат за инвестиции и зголемување на платите на вработените.
Со Спасов и Захариев во посета на компанијата беше и пратеникот Трајчо Димков.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
