Консултативна работилница за стратегија за намалување на загубите и отпадот од храна
Во Скопје денеска ќе се одржи консултативна работилница за формулација на стратегија за намалување на загубите и отпадот од храна. Работилницата е дел од регионалниот проект на ФАО за техничка соработка „Стратегии за намалување на загуби и отпад од храна“ спроведуван во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
На работилницата се најавени обраќања на Министер за земјоделство, шумарство и водостопанствоТрајан Димковски и на раководителот на Секторот за јавно ветеринарно здравство во АХВ, Сашко Арсов.
Како што информираат од ФАО, Северна Македонија заедно со Албанија, Ерменија и Молдавија е дел од овој регионален проект кој на национално ниво им помага на земјите во развивање и спроведување национални стратегии за намалување на загубите и отпадот од храна, прилагодени на специфичните потреби на секоја земја и усогласени со постојните релевантни национални стратегии и политики за земјоделскиот развој, безбедноста на храната, ублажување на климатските промени,…
ФАО во соработка со МЗШВ, АХВ и граѓанската организација „Ајде Македонија“ годинава инволвираше голем број институции и претставници на приватниот сектор за да се идентификуваат потребите за интервенција и да се спроведат анализи во насока на изготвување сеопфатна национална стратегија за намалување на загубите и отпадот од храна во земјата.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети