Срцев пејсмејкер по венски пат првпат во државава поставен кај петгодишно дете во „Аџибадем Систина“
Тим доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ првпат во државава, по венски пат поставија траен електростимулатор на срцето – пејсмејкер кај дете. Овој начин на поставување е стандарден за возрасни пациенти, но сега македонските доктори го изведоа на петгодишно девојче, кое е во добра состојба и по интервенцијата е пуштено дома, соопштија од болницата.
На девојчето, како што информираат од болницата, еден месец по раѓањето му е дијагностициран проблем со срцето. Тогаш д-р Владимир Чадиковски, детски кардиохирург, кај новороденчето поставил траен срцев електростимулатор, односно пејсмејкер во стомачето со електрода од надворешната страна на срцето. Со текот на времето, а поради честото прилагодување на пејсмејкерот се потрошила батеријата, па истиот требало да се замени.
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, д-р Иван Трајков и д-р Дејан Ковачевиќ, електрофизиолози аритмолози, извршија замена на постојниот пејсмејкер со нов, но овој пат интравенозно. Анестезијата беше водена од страна на д-р Мирјана Крмзова и д-р Александар Радоешки. Процедурата, која траеше околу триесетина минути, е со поддршка од д-р Чадиковски, кој во истовреме го извадил стариот електростимулатор од стомачето на детето, наведуваат од болницата.
– По дадено контрастно средство во вена добивме комплетна слика на венскиот систем во десна потклавикуларна регија каде се наоѓа вената која е подобна за боцкање. Преку таа вена се постави жица и уводник – преку кој се воведе електродата. За позиционирање на електродата во десната комора се користеше минимално РТГ-зрачење. Потоа кај електродата дополнително се направи уште една кружна кривина, која би се одвиткала при растење на детето. Потоа се постави посебен, најмал по димензии срцев електростимулатор специјално наменет за детската популација, додаде д-р Трајков.
Ново на Сител
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград