Сретен Давидов од Неготино ја прими Водовниковата награда во Словенија
![]()
Триесетгодишниот доктор на науки Сретен Давидов кој е по потекло од Неготино, вчера прими Водовникова награда од Факултетот за електротехника при Универзитетот во Љубљана. Наградата му беше доделена за неговиот докторат од областа на подрачјето на електромобилноста, на свечената приредба по повод сто години од основањето на универзитетот.
-Останувам со истата посветеност во работата, затоа што одговорноста да се соочиме со сите идни проблеми во електротехниката, значи и да ги надминеме сите предизвици, изјави Давидов за МИА.
Тоа е всушност признание за квалитетот на докторатот, неговата препознатливост и убедливост за ова подрачје, појасни тој.
-Работата мора да значи и складно размислување, комплементарно донесување на заклучоци и согледување на потенцијалот во примерите на анализа. Деталите и прецизноста секогаш го даваат конечниот резултат, достигнување на целта, нагласи тој.
Младиот неготинец докторираше на 28 години. Во земјава беше добитник на наградата за најдобар млад научник за 2017 година. Во моментов работи во Службата за технолошки развој на Електро Љубљана, словенечката Електродистрибуција.
Ново на Сител
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
-

Мицкоски - Вуст: Македонија и Северна Рајна-Вестфалија ќе ја продлабочуваат економската соработка
-

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала предложен за почесен граѓанин на Скопје по истражувањето на пештерата Врело
