Поведена постапка за разбојништвото во казино во Неготино
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен жител на Неготино, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – разбојништвото во казино во Неготино.
-Осомничениот на 26-ти декември, маскиран со маска и перика влегол преку спореден, заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканувал на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното. Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што осомничениот ја отворил касата и ги земал парите во износ од 324.700 денари, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес оценил дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство, ќе го повтори кривичното дело и дека може да влијае врз сведоците, па до Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот. Судијата на претходна потсапка при Основниот суд Велес го прифатил предлогот на Обвинителството и на обвинетиот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет
-
Еуроактив: Бугарија нема да попушти
-
Муцунски во посета на Австралија
-
СДСМ: Мицкоски потрошил 60.000 евра на социјални мрежи
-
Малолетниците кои кршат по паркови ќе работат општокорисна работа
-
54-годишен маж од Делчево загина при излетување од коловозот со мопед
-
Мртво бебе пронајдено во корпа за отпадоци во Подгорица, мајката е уапсена
-
ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар, вели Таравари