Малата Моника е во стабилна состојба, се очекува нејзино опоравување
12-годишната Моника по која Србија трагаше со денови е најдена вчера напуштена куќа во селото Пасјача, 10 дена откако беше киднапирано од Нинослав Јовановиќ, т.н. Малчански бербер.
Моника е задржана на Детска хирургија во Клиничкиот центар во Ниш.
- „Таа е ментално стабилна, но се забележува дека има бројни модринки и подливи. Кога пристигна, беше видно вознемирена, но нејзината баба и родителите сега се со неа. Се гледа дека злосторниот и ја потстрижал целата коса“, вели за извор близок до семејството за девојчето кое исчезна на 20ти месецов.
– По анализите кои беа извршени во текот на ноќта, по консултации со психолог, можеме да кажеме дека состојбата на Моника е стабилна – изјави Радовановиќ, директор на Клиничкиот центар во Ниш
Тој додава дека најважно е што на Моника ѝ се вратила насмевката. Радовановиќ посочи дека психолозите треба да одлучат колку време девојчето ќе остане во болница.
Потрагата по силувачот Нинослав Јовановиќ познат како ’берберот од Малчан’ кој на 20 декември околу 7:30 часот ја киднапираше, за кој постои сомневање дека се уште е во околината на Ниш, и натаму продолжува.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково