Откритие: Бетовен бил глув поради труење со олово
Лекари од Италија ја открија причината поради која славниот германски композитор Лудвиг ван Бетовен веројатно го загубил слухот. Тие сметаат дека глувоста на музичарот можеби се должи на труење со олово.
Научниците поставија голем број хипотези за причините за болеста на композиторот, меѓу нив се тифус, различни автоимуни заболувања и невообичаената навика на Бетовен да спие, натопувајќи ја главата во ладна вода.
Лекарите предводени од Давид Брото од Универзитетот во Падова (Италија) наведуваат нова причина.
Симптомите на еден од пациентите, кого лекарите го набљудуваат од 2018 година, се совпаѓаат со тоа од кое страдал познатиот композитор. Причина за нерасположението е високата концентрираност на олово во крвта и урината на Италијанецот. Присуството на токсичниот метал во неговиот организам е од стара тава за пржење, на која заштитниот керамички слој бил излуштен.
Анализа од косата на Бетовен и делови од черепот во 2005 година покажале дека телото на композиторот содржи зголемено присуство на олово.
Музичарот можеби имал зголемени дози на олово поради виното, кое во тоа време содржело големи количества тешки метали. Покрај тоа, омиленото шише на Бетовен е делумно изработено од олово.
Бетовен го загубил својот слух во 1796 година, на 26-годишна возраст, а до 1811 година целосно оглувел. Болеста не го спречила композиторот да создава музика, но имал проблеми при одржувањето концерти.
Ново на Сител
-
Бразилски политичар удрил друг со стол за време на дебата
-
Влада: Исплаќаме 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада
-
Напаѓачот на Трамп се криел во грмушките 12 часа пред да биде фатен
-
Мета ги забрани руските државни медиуми на своите платформи
-
Уапсен Пи Диди во Њујорк - Обвинет за трговија со луѓе
-
Ограбена спортска обложувалница во Влае
-
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
-
Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на демократијата - 15 Септември