Две лица починаа во Кина од мистериозната вирусна пневмонија

Уште едно лице почина од мистериозната вирусна пневмонија, која се појави во централна Кина, а спаѓа во истата група како САРС, соопштија здравствените власти.
Во метрополата Вухан, каде што за првпат е откриена болеста минатиот месец, почина 60-годишен маж, соопшти општинската комисија за хигиена и здравство на својата веб-страница.
Пред неколку дена во Вухан, како последица на новата мистериозна болест, почина 61-годишен пациент, кој имал и рак и хронично заболување на црниот дроб.
Човекот, како и другите пациенти кај кои е регистрирана белодробната болест, го посетувал пазарот во Вухан, кој се смета за место каде првпат се појавила болеста. Пазарот е затворен од 1 јануари, а на него покрај риби, се продаваат и диви животни.
Според најновите информации, во Кина се пријавени најмалку 41 пациент, меѓу кои пет се во сериозна состојба.
Како што пренесуваат странските агенции, оваа пневмонија предизвикува страв од повторно појавување на заразниот вирус САРС (тежок акутен респираторен синдром), од кој во 2002 и 2003 година во Кина и Хонг Конг починаа 650 лица.
Покрај тоа, два случаи заболени од овој вирус се откриени во Тајланд и Јапонија, чии власти велат дека пациентите биле во Вухан пред да бидат хоспитализирани.
Ново на Сител
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
-

НБА: Лејкерс закажа полуфиналната пресметка со Оклахома
-

Стармер: Повторното отворање на Ормуската Теснина нема да значи враќање во нормала
