Третина од домаќинствата имаат проблем со навремено плаќање на режиските трошоци
Во просек една третина од домаќинствата во регионот имаат проблем со навремено подмирување на режиските трошоци во последните 12 месеци, покажува годишното истражување на Евростат за приходите и условите за живеење.
Според податоците на Евростат за 2018 година, околу 36,9 проценти од домаќинствата во земјава имале проблеми со навремено плаќање на режиски сметки во изминатите 12 месеци, потоа следи Грција со 35,6 проценти, па Бугарија со 30,1 процент.
Најмалку домаќинства не можеле навремено да ги подмират режиските трошоци во Холандија, Чешка, Шведска и Австрија – сите околу 2 проценти.
На ниво на ЕУ во 2018 година речиси 7 проценти од домаќинствата имале проблем навремено да ги подмират режиските трошоци (сметки за греење, струја, гас, вода и др.) поради финансиски проблеми. Сепак, истражувањето на Евростат покажува тренд на намалување и пад на овој процент од 10 проценти во однос на 2013 година.
Овој проблем е поизразен меѓу домаќинствата со дете и еден родител. На ниво на ЕУ околу 14 проценти до домаќинствата со еден возрасен член и најмалку едно дете се соочиле со проблеми за навремено подмирување на режиските трошоци
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
