Арсовски: Судијката Мери Дика учествувала во „перење на пари“ со Бојан Јовановски

Луј Витон правосудството на Заев и СДСМ го урниса целиот правосуден систем во Република Македонија.
Судијката од апелациониот суд Мери Дика, инаку кума на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски, јавно призна дека е вклучена во перење пари во корелација со Бојан Јовановски .
Судијката Мери Дика, призна дека дозволила нејзините податоци да бидат користени за да се изврши поврат на данок за се што пазарел Бојан Јовановски и неговото семејство во Милано, Италија
Имајќи го предвид луксузниот стил на Бојан Јовановски кој се мери во илјадници, но и во стотици илјади евра, нималку не се сомневаме дека тоа биле огромни суми на пари кои Мери Дика ги извадила користејќи ги нејзините лични податоци и истите му ги предала на Бојан Јовановски Боки 13 и со тоа автоматски извршила дело „перење пари“.
Здобиените пари од повратот му ги дала на Бојан Јовановски, имајќи предвид како што реков дека троши огромни суми на пари за својот луксузен стил на облекување. Прашањето е дали тие стекнати пари откако ги извадила, откако му ги дала на Бојан Јовановски, била свесна и знаела од каде се снабдени, имајќи во предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки, односно, нема сметки со легално легнати пари?
Со секое ново сведочење во „Рекет“ излегуваат на површина сите постапки на инволвираните во истиот случај.
На Кацарска и се заканува затвор до 11 години заради влијание врз друг судија и уште веднаш треба да се суспендира, од страна на Иван Џолев. Според сведочења Русковска била вмешана во криминал од 4 милиони евра. Денес гледаме дека Мери Дика „перела пари“ за Бојан Јовановски.
Како што реков имајќи во предвид дека Бојан Јовановски нема свои сметки каде што има легално стекнати пари, односно оттука е прашањето дали можеби овие пари коишто се трошени во Милано, односно коишто се користени личните податоци на судијката Мери Дика се пари стекнати од рекетирање.
Кацарска судството и Русковска обвинителството е реалноста на правосудниот систем во Република Македонија.
Затоа ни е потребен закон кој нема да дозволи штитење на криминалот.
Почитувани, крајот се ближи.
Зоран Заев и СДСМ се виновни за се ова што се случува и одговорност мора да има за се она што е направено во делот на криминални деанија од страна на оваа влада.
Ново на Сител
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
-

Барал 100 евра за да избрише судска казна 200 евра и 6 месеци забрана за управување возило, уапсен судски службеник во Гостивар
-

РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови
-

ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
-

Општина Кисела Вода: Активиран Кризен штаб, континуирано се чисти снегот
-

Кошта: ЕУ ќе се брани од секој облик на присила, ќе го штити меѓународниот поредок
