Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати Закон за обвинителство кој што ќе го подготват експертите
Експертската јавност а не политичарите да биде таа која што ќе го изготви новото решение за Законот за јавно обвинителство, порача денеска преку социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Борбата против криминалот не смее да дозволиме да биде заглавена помеѓу суетите на пар министри и стравот на поранешниот премиер Заев дека ќе мора да се соочи со одговорност. Потребно е квалитетно законско решение а не онакво какво што власта турка на мала врата на само недела ипол пред распуштање на Парламентот. Затоа за ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се робува на суетата на одредени министри и стравот на Заев од одговорност, е прифатливо законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство. Да дадеме шанса на професионализмот , знаењето и искуството на експертите и професорите, што ќе биде база за понатамошно усогласување. Да не креираме законско решение за заштита на партиските интереси на поединци, туку решение предложено од експерти кое ќе биде прифатливо за Собранието.“ – напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Тој го обвини обвинителството дека молчи да серија криминални афери додека власта се обидува да го протурка новото законско решение на само 2 месеци пред изборите.
„И одново власта ја турка земјава во слепа улица, со цел да не дозволи решение кои ќе донесе независно обвинителство кое не само што нема да молчи туку ќе биде главната острица во борбата против криминалот.
И сиот лажен наратив на власта за мотивите на опозицијата пропадна бидејќи дека на маса имаме лошо законско решение го потврдија и самите експерти и професори на правниот факултет.“ – напиша Мицкоски
Законот за обвинителството е заглавен во преговорите меѓу власта и опозицијата во обидот да се обезбеди двотретинско мнозинство за негово донесување во Собранието.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Флорида: Поради ураганот Милтон, нивото на морето е повисоко за 150 до 300 сантиметри
-
Професорката по патологија која го враќа образовниот систем | Весна Јаневска | Sitel Podcast 062
-
Путин: Русија и Иран активно работат на меѓународната сцена, слично ги проценуваат настаните
-
Кривична пријава против маж од Косово поради давање поткуп
-
На Табановце уапсен маж од Полска, приложил фалсификуван документ
-
Уапсен 36 годишен скопјанец во паркот „Бранители“ во Драчево - Ги оштетувал иконите кај крстот
-
ФК Вардар го претстави новиот сопственик
-
Лавров ги осуди „деструктивните“ акции на САД во Југоисточна Азија