Политико: Ирска без победник на изборите - проблеми при составувањето влада

Ирските гласачи не успеаја да изберат категоричен победник на вчерашните парламентарни избори, пишува европската редакција „Политико“.
Според анкетата на Ипсос, нарачана од локалните медиуми, партијата „Фине Гејл“ (Ирско семејство), предводена од премиерот на Ирска Лео Варадкар, освои 22,4 отсто од гласовите, „Фиана Фајл“ (Војници на судбината) и „Шин Фејн“ (Само ние) освојуваат одделно 22,3, односно 22,2 отсто од гласовите на Ирците.
Изборниот резултат покажува дека партиите допрва ќе треба да се борат за составување мнозинство и сигурно ќе имаат потреба од коалиција од неколку партии за да можат да владеат.
Податоците од изборите покажуваат и голема промена во ирскиот електорат. Традиционално доминантните партии „Фине Гејл“ и „Фиана Фајл“ сега се сопернички со левичарската националистичка партија „Шин Фејн“, која освои 14 отсто повеќе гласови од последните избори во 2016 година.
Неколку мали партии, вклучувајќи ги и Лабуристичката партија и Зелената партија освоија под 10 отсто од гласовите.
Ново на Сител
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
