Проширувањето една од темите меѓу Варвициотис и амбасадорите на земјите членки на ЕУ

За грчките позиции во однос на проширувањето на ЕУ и европската перспектива на Западен Балкан, меѓу другото, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис ги информирал амбасадорите во Атина на 26-те земји членки на Европската унија, за време на работниот ручек организиран од хрватскиот амбасадор во рамки на претседавањето на земјата со ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.
Варвициотис истакнал дека Грција ги поддржува приоритетите на хрватското претседателство со Унијата.
– Го поздрави фактот што политиката за проширување се наоѓа во главните приоритети на хрватското претседателство, а ја спомена грчката иницијатива за организирање на конференција за европската перспектива на Западен Балкан на 24 февруари во Солун, соопшти грчкото МНР.
Алтернтивниот шеф на грчката дипломатија ги информирал амбасадорите и за позициите на Атина за повеќегодишната финансиска рамка на Унијата, за владеење на правото, мигрантското прашање, како и за конференцијата за иднината на Европа.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
