Во Собранието почна расправата за законот за Советот за јавни обвинители

Собранието денеска ја продолжи 135-та седница со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за јавното обвинителство, по кој расправата е веќе завршена и треба да се гласа. За донесување на овој закон е потребно двотретинско мнозинство.
Пред почетокот на седницата пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов на прес-конференција во Собранието ги повика пратениците од сите пратенички групи, како што рече, да се стават на страната на правната држава со тоа што ќе дадат поддршка за Предлог-законот за јавно обвинителство.
Тој не можеше да каже дали власта го има обезбедено двотретинско мнозинство потребно за донесување на овој закон, ниту дали ќе се гласа за него. Само кусо рече дека е отимист оти до чинот на гласање најмалку 80 пратеници ќе го имаат предвид она што е важно и ќе се стават во функција на правото и на правната држава.
Пратеникот од ДУИ Артан Груби денеска на прес-конференција рече дека за законот за јавно обвинителство ќе се гласа утре, и оти сите што се за европска иднина на земјата ќе го поддржат законското решение.
За утре е закажана 137. седница на Собранието со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија, поднесен од Талат Џафери.
Ново на Сител
-

Претрес во дом на млад кавадарчанец, одземени предмети под сомнеж дека се од кражби
-

СВР Битола поднесе кривични пријави за лица што возеле автомобил без положен возачки испит
-

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ: Уништени фасада и автомобил
-

Иницијатива на „Лајка“: Биди Валентајн на бездомно куче за еден ден
-

Одложено рочиштето против Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
