Набавени нови контејнери за отпад во Делчево
Општина Делчево го решава проблемот со старите садови за отпад. За подобрување на состојбата со управување на отпадот, по речиси една деценија деновиве се набавени 23 контејнери, вредни 370.000 денари.
Контејнерите, како што информираат од Општината, се со номинална носивост од 430 килограми и се предадени на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“.
– Од таму е предвидено нивно транспортирање на планираните локации, каде досега немало контејнери како и на местата со стари и оштетени контејнери. Очекуваме новите садови за отпад да придонесат за подобар квалитет на услугите за собирање на комуналниот отпад, велат од Општината.
Контејнерите како што додаваат изворите од локалната самоуправа се набавени по претходно спроведената набавка и испорака на метални контејнери за отпад за што е склучен договор со фирма добавувач од Неготино.
Освен оваа набавка деновиве набавка на нови садови за отпад се очекува и преку проект на Локалната акциска група Малеш-Пијанец. Во моментот, како што дополнија надлежните, се спроведува постапка за набавка на урбана опрема – парковски канти за отпадоци, контејнери за отпад и контејнери за селекција за отпад вредна 880 илјади денари.
Сите овие активности како што додаваат се во насока на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните со акцент на подобро управување со отпадот кој е еден од основните проблеми во регионот.
Ново на Сител
-
Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС
-
Во Пехчево секој понеделник ќе работи канцеларија за издавање лични документи на граѓаните
-
УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ - 04 пријавите, динамиката забавена
-
Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбеднa храна
-
Евакуиран аеродромот во Сараево, откажани сите летови
-
Автомобил прегази 77-годишна жена во кумановско, која починала во болница
-
Путин: Русија е подготвена на разумни компромиси за решавање на украинското прашање, но нема суштински преговори
-
Кривична пријава поради несовесно работење во службата