Истрага за компанијата на опозицискиот лидер во Израел, Бени Ганц
Израелски обвинители денеска соопштија дека ќе покренат кривична истрага за компанијата на опозицискиот лидер во израел, Бени Ганц.
Во соопштението на израелското Министерство за правда се наведува дека израелската полиција ќе спроведе истрага за компанијата „Петта димензија“.
Во соопштението не е наведено дали Ганц е осомничен.
Изборите што ќе се одржат на 2 март се само две недели пред судењето за корупција против израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају.
Како што пренесуваат локалните медиуми, за време на целата кампања Ганц се обидува вниманието да го насочи кон правните проблеми на Нетанјаху и себеси да се претстави како искрена алтернатива без скандали.
Претходно денеска Ганц негираше дека направил нешто лошо и дека се чека истрага за финансиското работење на неговата фирма.
– Сето тоа звучи како политички притисок за тоа прашање да се стави на дневен ред јавноста, изјави Ганц за израелското воено радио и додаде дека компанијата е контролирана и во минатото и дека ништо не е откриено.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора