-->
-->
Првиот спуст за Вон
-->
Американката Линдзи Вон победи на првата спуст трка во новата сезона која се одржа во канадскиот Лејк Луиз.
Вон до 16-та победа во Лејк Луиз, вкупно 68-ма во кариерата, стигна со време од 1:50.50 минути. На второто место се пласира Австријката Корнелија Хитер, а трета заврши нејзината сонародничка Рамона Зибенхофер.
Американката ги пропушти воведните трки во техничките дисциплини, со кои започна Светскиот куп, а до победата стигна на спектакуларен начин откако грешките кои ги направи во првиот дел од патеката успеа да ги надополни во вториот.
Во генералниот пласман во Светскиот куп води Микаела Шигрин со 280 бодови, 85 повеќе од Фрида Хансдотер, додека Лара Гут има 190 бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија
-
ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците