Министерот Чулев на Конференција на министри на земјите дел од Брдо процесот

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вчера и денеска во Брдо, Словенија учествува на Конференција на министри на земјите кои се дел од процесот Брдо.
Како што соопшти МВР, темите на конференцијата се „Регионална соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе“ и „Превенција и истрага на сексуална експлоатација на деца преку интернет“.
– Детската експлоатација е глобален проблем, кој има развиено многу форми на застапеност, од работа во домашни услови на деца, деца војници, регрутирање и вклучување деца во вооружен судир, сексуална експлоатација и порнографија, употреба на деца за криминални активности, вклучително и продажба и дистрибуција на наркотици и вклучување на деца во штетна или опасна работа, потенцирал Чулев.
Според Чулев, секоја од овие форми на експлоатација заслужува да добие посебно време и внимание.
– Денес се посветуваме на една мошне специфична и за жал честа, широко распространета и општо земено светски присутна форма – сексуалната злоупотреба или сексуална експлоатација на деца. Верувам ќе се сложиме сите дека станува збор за кривично дело од најтежок облик за кое треба внимателно подготвена превенција со цел спречување да дојде до негова појава, а доколку веќе дојде, тогаш е неопходно потполно сузбивање, искоренување, а при тоа максимално казнување на сторителите, рече Чулев.
Во рамки на втората сесија, Чулев нагласил дека трговијата со луѓе е комплексна појава за која се неопходни активности на превенција, сузбивање и казнување на сторителите.
– Во оваа насока, а свесни за фактот за ранливоста на популацијата која пред некое време транзитираше долж Западно-балканската рута на движење, државата најде соодветен механизам да дејствува навремено. За таа цел, изработени се Индикатори за идентификација на жртви на трговија со луѓе во случаи на мешани миграциски движења, како и Стандардни оперативни процедури за постапување со непридружувани деца-странци и со ранливи категории на лица странци. Овие документи одиграа важна улога и сѐ уште се користат како помошна алатка на одговорните лица кои доаѓаат во контакт со претпоставени жртви на трговија со луѓе со цел преземање мерки за нивна понатамошна формална идентификација, упатување и обезбедување соодветен третман, со што донекаде се ублажуваат негативните последици од ситуацијата во која западнале, посочил министерот Чулев.
Ново на Сител
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
-

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија
-

„Безбеден град“ - превентивен механизам за намалување на сообраќајните прекршоци, смета стручната јавност
-

Доминација на КБК Шампион Скопје - сила во сите генерации
-

Трамп: Предоцна е за преговори со Иран
-

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
-

Рекордна масовност на 1. Национално кикбокс првенство 2026 во Скопје – 441 натпреварувач од 29 клубови
-

Тошковски за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство, а сопругот бил апсен и имал криминално досие
