Димче Арсовски: СДСМ на изборите оди со стари и истрошени кадри
- Има ли поголеми истрошени и поочајни кадри од Зоран Заев и Радмила Шекеринска кои се синоним за најголеми историски изборни порази кои им ги нанеле на СДСМ како политичка партија.
Зоран Заев во 2014-та година како Претседател на партија, а Радмила Шекеринска како заменик и во 2008-та година Радмила Шекеринска како Претседател, а Зоран Заев исто како потпретседател ги нанижаа најголемите историски изборни порази на СДСМ.
Овој двоец Заев – Шекеринска покрај синонимот за најголеми порази во СДСМ е синоним и за криминал и корупција.
Зоран Заев бега од ТВ соочување со лидерот Мицкоски, а бега и од одговор на прашањето кое ги интересира граѓаните: Дали сега кога ќе изгуби на изборите ќе си даде оставка и ќе си замине конечно од политичката сцена?
Дали Зоран Заев после поразот за кои ќе бидат директно заслужни лично тој и Радмила Шекеринска ќе си даде оставка и ќе ги ослободи и граѓаните и партијата и државата од неговото заложништво?
Зоран Заев се плаши и е исплашен со право, бидејќи знае дека ќе изгуби на претстојните избори на 12-ти април. Кукавичкиот однос каде што не одговара на вакви прашања коишто ја интересираат јавноста и граѓаните и неговите членови од партијата коишто сакаат да си замине, е веќе одамна познат.
Одбивноста да сноси одговорност е затоа што е свесен дека после 12-ти април ќе мора да одговара за сите криминални и коруптивни афери.
СДСМ очигледно не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри.
Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои убедливо ќе бидат поразени сега на претстојните избори на 12-ти април.
Гласот за Заев, гласот за Радмила Шекеринска е глас за криминалот и затоа Зоран Заев сега кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката и да одговара за се што направил, изјави на пресконференцијата ан Димче Арсовски, потпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
-
Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група
-
Прегазено 3-годишно дете во Нови Пазар
-
Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица
-
Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар