Луазо и Ќучук: Жителите на Западен Балкан заслужуваат живот како и мнозинството граѓани на ЕУ

Пратеничката група Обнова на Европа во Европарламентот го поддржува проширувањето на ЕУ и силно верува во европската перспектива на Западен Балкан, наведуваат европратениците Натали Луазо и Илхан Ќучук во статија за „Еурактив“.
– Уверени сме дека граѓаните на земјите од Западен Балкан заслужуваат да уживаат во придобивките од владеење на правото, функционални државни институции, професионална администрацијата и здрави економски политики, како и мнозинството од жителите на ЕУ, оценуваат двајцата европратеници на Обнова на Европа.
Тие повикуваат на поголема политичка посветеност на процесот на проширување, подобро информирање од нејзините придобивки за граѓаните на Западен Балкан и на ЕУ и ја искажуваат својата поддршка на методологијата на проширување предложена од Еврокомисијата и на иницијативата за именување специјален пратеник за Западен Балкан.

Луазо и Ќучук наведуваат дека реформите во ЕУ треба да се одвиваат паралелно со процесот на проширување, бидејќи на сите Европејци им е потребна „поцврста и проширена Унија“.
– На жителите од Западен Балкан треба да им се објасни дека реформите се прават во нивни интерес, а не за да се задоволи ЕУ. Европските жители, пак, треба да се убедат дека е посигурно и покорисно целосно обединување на нашиот континент, отколку задржување на неразумниот статус кво, се оценува во текстот.
Двајцата европратеници апелираат до Европскиот совет да ја прифати новата методологија, како и да донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија пред Самитот ЕУ – Западен Балкан.

Тие во статијата изразуваат поддршка и на идејата за именување специјален пратеник за Западен Балкан, кој, според нив, би требало да им биде подреден на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и на еврокомесарот за проширување и соседска политика и да биде посветен на разрешување на сложените конфликти во регионот.
– Земјите од Западен Балкан географски, историски и културно и припаѓаат на Европа, па затоа мораме колективно да ги зајакнеме нашите напори за нивни економски и политички влез во нашата Унија, заклучуваат двајцата европратеници во нивната статија во „Еурактив“.
Луазо е претседавачка на Поткомитетот за безбедност и одбрана на Европарламентот и членка на партијата Република во движење (РЕМ) на францускиот претседател Емануел Макрон, а Ќучук од бугарското Движење за права и слободи (ДПС) е известувач на ЕП за Македонија.
Ново на Сител
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
-

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери
-

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа
-

Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
-

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра
