Спасовски со верските заедници: Силна поддршка за справувањето со коронавирусот и заеднички став дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет
Поглаварите на верските заедници во земјава ги поздравија мерките и чекорите што ги презема Владата во справувањето со коронавирусот во насока на ефикасна заштита на здравјето на граѓаните. Ова е заклучокот од средбата на премиерот Оливер Спасовски и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски со поглаварите на верските заедници во земјава.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, присуствувале архиепископот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископ Охридски и македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, на Католичката црква, бискупот скопски и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, на Евангелско – методистичката црква, претседателот на Црковното претставништво, Емил Заев.
Поглаварите на верските заедници изразиле благодарност до премиерот Спасовски за отвореноста за соработка и, како што се наведува во соопштението, е изразена силна поддршка да биде направено сè што е возможно од сите страни, за справувањето со ситуацијата.
Премиерот Спасовски ги информирал поглаварите за сите важни информации околу мерките што ги презема Владата за заштитата на здравјето на сите граѓани, како врвен приоритет. Поглаварите, пак, го информирале за мерките што тие ги преземаат за поголема заштита на верниците. На средбата биле разгледани можности за максимална заштита на верниците.
-Заеднички е ставот дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет и дека сите во државата, вклучително и верските заедници и верниците, треба да бидат на ниво на одговорноста со цел да се придонесе за спречување на можно ширење на болеста и непосакуваните последици, се вели во соопштението од Владата.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“