Ковид-19: Најлош ден во Србија, нови седум смртни случаи, 115 лица новозаразени

Во Србија денеска е најлошиот ден од појавата на коронавирусот во земјата, изјави на владината прес конференција Горан Сртевановиќ, директор на клиниката за Инфективни болести на Клиничкиот центар во Белград.
Стевановиќ соопшти дека во изминатите 24 часа во Србија починале седум лица, а позитивни на тестот на коронавирусот биле 115 граѓани од тестираните 477 лица.
Со тоа во Србија бројот на починати се искачи на 23 лица, додека од вирусот заболени се вкупно 900 лица.
-Ова е најлош ден за Србија, се плашам дека и во иднина исто вака ќе биде и сето ова е резултат на непочитување на владините мерки да се избегнуваат собирања, дружења, препораките за самозолација и изолација, поради што ни се ближи италијанското сценарио, изјави Стевановиќ, кој потоа заедно со останатиот владин тим на лекари ја напушти прес конференцијата поради итност од нивен ангажман во лечењето на пациентите.
Според Министерстото за здравство, во Србија досега се тестирани вкупно 3561 лице.
Kоронавирусот е регистриран во над 35 градови во Србија и според објавените податоци од пред два дена, најмногу заболени има во Белград-352 лица, Ниш има 59, Ваљево има 50 заразени граѓани, Чуприја 49, Крагуевац има 21 лица со потврден коронавирус, Крушевац има 20, Врање 16, Суботица 15, Чачак 12, а Кикинда, Ужице, Зајечар, Панчево и другите градови имаат помалку од 10 потврдени случаи.
Српскиот претседател Александар Вучиќ во недела на ТВ Прва најави дека доколку не се почитуваат владините мерки ќе воведе 24 часовна забрана за движење.
Денеска епидемиологот Предраг Кон, кој е во владиниот тим за борбата против Ковид-19 изјави за ТВ Н1 дека предуслов за воведување на 24-часовна забрана на движењето е сериозно влошување на ситуацијата, што значи голем скок на бројот на заразени и починати.
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
