Не носете масло во Црква за Св. Никола - Порака од Отец Пимен до верниците
„Само што се вратив во канцеларија по завршувањето на светата литургија по повод свети Климент. Отворив компјутер и на Оф.нет наидов на еден клип во којшто навивачите на еден хокеарски клуб го прославија голот на своите миленици со фрлање 28.815 кадифени мечиња.
Пишува и дека овие мечиња потоа се собираат и им се делат на околу 60 добротворни организации.
Срце ми се стопи од милина. Па размислувам.
Следен поголем празник на кој ќе се наполнат нашите храмови ќе биде Свети Николај. А нели св. Николај бил познат по своето човекољубие и милосрдност кон сиромашните, кон сираците, кон вдовиците, па дури и Дедо Мраз му го украл идентитетот. Неговиот празник е на 19 декември, непосредно пред Нова година.
Ми падна идеја да пратам еден апел до сите вас до кои допира мојот глас, моето размислување.
Како ви се чини на тој празник годинава наместо да носиме масло, крпи, чорапи и триста разни дарови, секој од нас да купи по една кадифена играчка и неа да ја дарува во црквата, а потоа сите тие играчки да се соберат и предновогодишно да им се подарат на децата во детските домови и специјалните училишта...
Верувам поголема ќе биде радоста на децата со играчките, а и нашата на свештенството, ако ја реализираме оваа идеја, отколку да ги наполниме црковните магацини со разни дрангулии.
Јас кажав и ќе однесам мече во црква тој ден, а вие постапете според вашата совест, според вашата хуманост, според вашата вера, според вашето милосрдие и според вашиот буџет.
Сепак Господ Бог нема да ги заборави овие деца, ако не преку нас, ќе им даде радост преку некој друг.
Ќе повторам, сепак е убаво да бидеме и сите ние дел од оваа радост.
Нека е за многу години Св. Климент и Св. Николај, кој набргу ќе го прославуваме“, напиша отец Пимен на својот фејсбук-профил.
Ново на Сител
-

Кос, Јаневска и Сали во увид на реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица
-

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ
-

Вимблдон: Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување
-

78-годишна жена пронајдена мртва во својот дом во Кисела Вода
-

Пронајден машки труп во река Пчиња кај Катлановска Бања
-

59-годишник во продавница допирал по тело 31-годишна жена
-

Приведено едно лице поради напад на полицаец кај Градски стадион во Скопје
