Инспектор постапил спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, при што го нарушил угледот на МВР
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по извршени соодветни проверки утврди дека полицискиот службеник З.Р., самостоен инспектор во ОКР Карпош, постапил спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, при што го нарушил угледот на МВР. Од страна на Одделот за внатрешна контрола утвтрдено е дека тој објавил видео на 08.04.2020 во 20:20 часот со вклучување во живо на својот фејсбук профил, додека се враќал од работа кон дома движејќи се по бул. Партизански одреди.
Од увидот во распоредот за работа во ОКР Карпош утврдено е дека З.Р. тој ден бил работно ангажиран до 20:00 часот. Против З.Р. ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност за постапување спротивно на Упатството за користење на социјални мрежи, како и за рушење на угледот на МВР.
Апелираме ,граѓаните и полициските службеници да бидат крајно внимателни со содржините и објавите на социјалните мрежи, да ги почитуваат законските прописи и да се придржуваат кон мерките и одлуките на Владата.
Ново на Сител
-
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
-
Во Охрид до 13 часот на изборите излегле околу 27 проценти, во Дебрца 26 отсто од гласачите
-
Во Велес до 13 часот излезноста е 30,08 за претседателски и 30,57 за парламентарни
-
Кавадарци со близу 30 отсто излезност до 13 часот
-
Во Крушево до 13 часот излезноста е над 34 проценти, а во Долнени двојно помала
-
Излезноста до 13 часот за претседателски избори е 23,95% , за парламентарни 25,84
-
Јавното обвинителство поднесе пријава за поткуп во Велес за две лица
-
Поставен штанд на партија во Шуто Оризари, расфрлани летоци во Чаир, агитирање...