Деветнаесет години од загинувањето на осум војници и полицајци кај Вејце

Во пресрет на 19 годишнината од загинувањето на осумте припадници на безбедносните сили во 2001 година на патот Селце-Вејце, Oдборот на бранители на Македонија денеска преку соопштение им оддаде почит со оглед дека поради состојбата со коронавирусот не може да се одржи одбележувањето на годишнината.
– Денес се навршуваат 19 години откако во предвечерието на 28 април 2001 година, кај месноста Брeзовица, на патот с.Селце – с.Вејце на падините на Шар Планина во заседа беа убиени, а потоа масакрирани осум припадници на специјалните единици „Тигри“ и на Волци“. Во неможност да го посетиме местото на настанот на овој ден, да положиме цвеќе и да се поклониме од познати причини, сакаме на овој начин да им изразиме почит на нашите херои кои ги дадоа своите млади животи за наше подобро утре. Обврската на бранителите и сите граѓани кои го сакаат ова мало парче земја секогаш си стои, а таа е да се почитуваат сите кои го положиле својот живот за неа. Споменот на оние кои се вградија во темелите на татковината и кои покажаа како се сака таа, нема да избледи никогаш, се вели во соопштението на Одборот на бранители на Македонија.
На 28 април 2001 кај месноста Брезовица на патот с.Селце – с.Вејце на падините на Шар Планина, загинаа Марјан Божиновски (27), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25), Илчо Стојановски (24) Роберт Петковски(27) Бобан Трајковск (28)Игор Костески (26) и Миле Јанески (30).
Ново на Сител
-

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид
-

Блокадата над населбата Баир во Битола заврши, се расчистуваат поставените препреки
-

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски
-

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага
-

Во Абу Даби заврши првиот ден од втората рунда преговори за прекин на војната во Украина
-

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
