Македонија
28. April 2020 - 16:37

Филипче: Гостите на свадбите ќе треба да се намалат а да се зголеми дистанцата

Поради мерките за заштита од корона вирус, свадбите се откажани, единствено се случува склопување брак со двајца сведоци.

На прашање како ќе се одвиваат свадбите кои биле закажани за овој период, кога ќе се намалат рестриктивните мерки и ќе проработат ресораните, министерот за здравство Венко Филипче вели дека дополнително ќе се изработува протокол за тоа.

Во еден момент ќе се случи и тоа. Рестораните ќе се отворат, а свадби и семејни веселби ќе се одржуваат. Но, ќе треба да се намали бројот на присутни во рестораните. Секако ќе треба да се обезбеди посебна дистанца меѓу гостите, вели Филипче.

Сепак, остава во следните две недели за тоа да се разговара и со претставници од секторот, кои би дале сугестии, кои пак би се вградиле во пролокотол.