Катица Јанева денеска ќе дава исказ во случајот „Рекет“
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет“ во кој исказ треба да даде обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева.
На вчерашното рочиште за предметот обвинетиот Бојан Јовановски, пред судот рече дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција не изнело ниту еден доказ и праша каде се доказите дека земал пари, дека трошел на џипови, гардероба, мебел, патувања и ја финансирал телевизија со пари земени од Орце Камчев.
Обвинителката Вилма Русковска, одговарајќи на новинарско прашање по рочиште ги отфрли како невистинити обвинувањата изнесени од – Боки 13 дека таа наводно давала информации за истраги. Таа кажа и дека има доказ оти од кај Орце Камчев торбата завршила во куќата каде што живеат родителите на Бојан Јовановски. -Тој доказ беше и презентиран и доставен до судот, рече Русковска.
Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски по изнесената одбрана на вчерашното рочиште посочи дека Обвинителството не извршило вештачење на мобилниот телефон. Дуковски ги негираше и тврдењата на Русковска која рече дека поседува фотографија како доказ оти торбата со наводните милион евра завршила во домот на семејството на Бојан Јовановски, ниту тие како одбрана имале увид во тој доказ. – Одговорно тврдам дека таква снимка не постои, рече Дуковски.
Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги обвини Боки 13 и Катица Јанева дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во предметот „Империја“. Третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец, пак, на првото рочиште за „Рекет“, што се одржа во декември, лани, призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
