Во Вселената, сѐ изгледа поинаку

Астронаутите минуваат месеци во Вселената, при што нивните „земни“ навики и потреби не може да се изостават. Но, сите тие секојдневни, вообичаени појави, предмети, состојби, дејствија – онде горе изгледаат поинаку. Следуваат пет примери.
- Пламенот не се издолжува
На Земјата, огнот под влијание на воздухот околу него, добива издолжен облик. Во Земјината Орбита, при бестежинска состојба,пламенот од свеќата, на пример, нема таков нагорен тек, па огнот добива сферичен, полутопчест облик. Пламенот на Меѓународната вселенска станица (МВС), исто така, е послаб отколку на Земјата, но може да трае подолго.
- И водата зоврива во топчеста форма
Во Вселената, кај водата што врие се појавуваат меури од пареа, исто како на Земјата. Но, тие не се издигнуваат, токму поради отсуството на гравитација. Пареата тука не е „полесна“ од водата и од воздухот. Наместо тоа, помалите меурчиња се спојуваат меѓу себе и создаваат еден поголем меур.
- Бактериите се помоќни
Без Земјината тежа, бактериите многу побрзо се размножуваат. Тоа ја зголемува и нивната моќ, па така стануваат поотпорни на антибиотици и посмртоносни.
- Спиење во вреќи со каишки
За да не лебдат во воздухот, астронаутите на МВС мора да се врзат во своите вреќи за спиење.
- Во Вселената не се пијат газирани сокови
На Земјата, кога се пие газиран сок, поради тежата, течноста и гасот се одделуваат во стомакот. Течноста оди надолу, а гасот – нагоре. Тоа во секојдневието се нарекува подригнување. Во Вселената е можно само „влажно подригнување“, што го прави пиењето газирани пијалаци крајно непријатно… Човекот буквално треба да поврати за да го исфрли гасот од себе.
Ново на Сител
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
-

34-годишник се обидел да силува 22-годишна девојка во струмичко
-

Кривична за 38 годишен тетовец, оставил писмени закани кон деканот и останатите професори на факултетот
-

До крајот на годината „Безбеден град“ ќе казнува непрописно паркирање и запирање на булеварите
-

Дендијас: Западен Балкан е потенцијален извор на дестабилизација, Европа не смее да го занемари
