Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед, со желба празникот да го поминат во среќа, добро здравје и во хармонија со најблиските.
-На крајот на светиот месец Рамазан, по еден месец пост, посакувам сите ваши молитви да бидат слушнати и кај сите верници да преовладаат солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош. Овој празник нека нè потсети дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит ќе можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина, се вели во честитката на претседателот на државата.
Тој истакна дека оваа година, празникот Рамазан бајрам го чествуваме во период кога не само нашата држава, но, и целиот свет, се соочува со една од најголемите закани за човештвото.
-Ја користам оваа можност да ви се заблагодарам за вашите досегашни напори и за посветеноста во спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата. Ве повикувам да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19 за да излеземе на крај со овој генерациски предизвик и да обезбедиме здрав живот за сите нас во иднина, порача претседателот Пендаровски.
Празникот Рамазан бајрам нека донесе мир во вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, се вели на крајот од честитката на шефот на државата.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија