Чулев: СВР Струмица ги истражува донациите и дали лицата кои ги делеле ги почитувале мерките за Ковид-19

Како редовно постапување на полициските службеници во вакви случаи го оцени министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, постапувањето во врска со видео материјалите објавени на социјалните медиумите за делењето пакети со донации во Струмица. Чулев на својот Фејсбук профил напиша дека доколку постојат елементи на сторени кривични дела истите ќе бидат процесирани до Основното јавно обвинителство.
Од страна на ОЈО Струмица, додава тој во постот, дадени се насоки за преземење на активности со цел идентификација на лицата, но и утврдување на потеклото на донацијата, критериумите за делење, начинот, но и, како што напиша дали се побарани одредени противуслуги од лицата кои се приматели на донацијата.
СВР Струмица, напиша министерот, презема мерки за соодветно санкционирање на лицата во видеото, кај кои е забележано дека не ги почитуваат одлуките на Владата за употреба на заштитна опрема, држење дистанца и групирање.
Ново на Сител
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
-

Илон Маск влегува во Пентагон: Ќе ја креира иднината на војувањето
-

Ведро и студено утро и сончево преку денот
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
