Навремено изгаснат пожар во куќа во Прилеп
Доцна попладнето во Прилеп избувна пожар во куќа на улица „Вардарска“ број 2. Нема повредени иако при избувнувањето на пожарот во куќата биле две жени. Причинета е материјална штета. Противпожарната единица брзо интервенирала и не дозволила пожарот да ја зафати целата куќа и соседната до неа.
Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица пожарот избувнал од сѐ уште непознати причини во просторија на првиот кат.
-Опожарена беше една соба. Просторијата целосно е изгорена, но беше спречено пожарот да ја зафати целата куќа, па и соседната. Успешно е изгаснат. Се интервенираше со две противпожарни возила и 10 пожарникари. Материјалната штета дополнително ќе се утврдува. Просторијата е на првиот кат. Причината може да биде различна. Ако не е човечки, тогаш е технички фактор, изјави Стојчески.
При избувнувањето на пожарот внатре биле две жени, сестри на околу 50 годишна возраст кои живееле заедно. Прв им притекнал во помош соседот, а наскоро пристигнале пожарникарите кои го изгаснале пожарот.
Ново на Сител
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат