Филипче: Лекарите специјалисти земаат помеѓу 85 и 170 илјади денари нето плата во зависност од дежурствата
Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма, потенцираше дека зголемување од 20% плата за два месеци ќе добијат сите кои биле ангажирани со лекување на ковид пациентите.
„Зголемување ќе добијат вработените во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Градската општа болница „8 Септември“, во инфективните одделенија во болниците кадешто се лекуваа овие пациенти, во Итната медицинска помош, епидемиолозите од Центрите за јавно здравје, Институтот за јавно здравје. Не само здравствените работници - доктори, медицински сестри, туку и помошно техничкиот персонал: болничарите, клиничарите коишто работеа во тие одделенија. Понатаму, лекарите и медицинските сестри кои ротираа во тие одделенија. Нема да земат зголемување само тие вработени кои немаат контакт со ковид пациентите во тие јавно-здравствени установи“, информираше Филипче и додаде дека се уште не е дефиниран начинот и формата на исплата - тоа е нешто за што ќе разговараат со Министерството за финансии.
Тој истакна дека во изминатите две години, вкупната сума на пари којашто е вложена во платите на здравствените работници и соработници, помошно-техничкиот персонал, администрацијата којашто работи во здравството се вложени близу 2 милијарда денари.
„Вакво зголемување никогаш немало во платите на здравствените работници. Некаде лекарите специјалисти во болниците и клиниките земаат помеѓу 85 и 170 илјади денари во зависност од бројот на дежурства во месецот. Ова се нето износи. За начинот на пресметка, тоа што е финална сума којашто ја земаат здравствените работници се основната плата со дежурствата и додатоците кои ги имаат. Комплексност на работа, искуство, додаток ако се изложени на рентгенско зрачење итн. Сега, платата во јавното здравство е многу атрактивна - што се докажува со тоа што имаме огромен број на доктори и медицински сестри кои сакаат да се вратат од приватното здравство во клиниките, односно болниците. Сметам дека со ова направивме сериозна инвестиција во луѓето коишто работат - кои се едни од клучниот сегмент за да овој систем добро функционира, што впрочем се покажа и со добрата организација и одговорот со овој проблем актуелен“, изјави министерот Филипче.
Ново на Сител
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња
-
Турција: Офанзивата во Рафа е уште едно воено злосторство на Израел
-
Германија поради европското фудбалско првенство воведува контроли на сите граници
-
Курти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното