Локални карантини или полициски час во општините со најголем број заразени
Според неофицијалните информации со кои располага Сител денеска има повеќе од 80 нови случаи на КОВИД-19.
Најголем број односно повеќе од 30 новозаболени има во главниот град. Според информациите кои ги добивме од скопскиот Центар за јавно здравје најголем број од новозаболените во Скопје се од скопската општина Чаир каде што како што велат епидемиолозите тоа се веќе познати кластери каде што има заразено цели фамилии но се заразени и контакти кои биле со нив.
Исто така од скопскиот Центар за јавно здравје очекуваат да имаат поголема бројка и на лица кои што присуствувале на погребот на пациентот кој неодамна почина во приватна болница. Бидејќи граѓаните не знаеле дека тој има позитивен тест присуствувале на неговото последно испраќање и така дошло и до ширење на заразата.
Исто така околу дваесетина заболени има и во Штип каде што коронавирусот се шири помеѓу текстилни работнички а исто толкав број според неофицијални информации има и во Тетово. Здравствените власти пред неколку дена соопштија дека при нивните контроли во тетовскиот регион констатирале дека никој од жителите на градот не ги почитува превентивните мерки, не носат маски, не одржуваат дистанца и одат на семејни собири непочитувајќи ги оние препораки дека може да дојде до ширење на заразата.
Имајки ја во предвид оваа ситуација неофицијално дознаваме дека во игра се две опции за да се спречи ширењето на вирусот. Една од нив е локални карантини меѓутоа според голем број на експерти тоа не може да се изведе посебно во скопските општини бидејќи нема како да се затворат и да се изолираат од останатите општини.
Втората опција е воведување на полициски час во општините каде што имаме најголем број на заболени.
Поради контакти со заболени од КОВИД-19 во изолација се поголем број од министрите во Владата меѓутоа и други државни функционери.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори