Македонија
7. јуни 2020 - 16:48

Кривични пријави за 22 угостители кои сместувале гости и покрај забраната

Кривични пријави за вкупно 22 станоиздавачи во туристичките места.

Инспекторите на Пазарниот инспекторат викендов поднеле 22 кривични пријави за непочитување на протоколите за работа на брегот на Охридското езеро но и во останатите туристички места низ државата.

Најголемиот дел од прекршувањата, осум се во Охрид, четири во Струга, пет во Битола, три во Дојран, и по едно во Маврово и Пониква. При направените надзори било утврдено присуство на гости во сместувачките објекти иако засега тоа не е дозволено. Некои станоиздавачи сместувале по двајца, а други и по 20 гости во вилите.

Додека кај угостителите поднесена е една кривична пријава за пречекорување на работното време и две за прекршување на протоколот, послужување повеќе гости и непочитување на дистанца.

Засилените иснпециски контроли ќе продолжат и во следните денови со цел да се обезбеди максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.