Докторка дошла да се породи на ГАК без да пријави дека свекорот е позитивен на КОВИД-19

Докторка дошла на државната Гинеколошко акушерска клиника (ГАК) во деветти месец од бременоста, без да им каже на колегите и на жените со кои лежела заедно в болничка соба, дека свекор ѝ со кого заедно живеат во исто домаќинство, е позитивен на коронавирусот, пишува ,,Слободен печат” од свои извори во лекарските кулоари, кои се крајно разочарани од ваквиот однос на својата колешка. Ноќта меѓу 6 и 7 јуни, докторката влегла како пациентка на клиниката во деветиот месец од бременоста и никому не му кажала на задолжителниот епидемиолошки прашалник при прием дека во семејството има дијагностициран позитивен случај на Ковид 19. Ја примиле и ја сместиле на одделение со други родилки. Во истата соба имало уште две жени.
Докторката била примена без никакви симптоми, а на клиниката се расчуло, сосема случајно, преку конекции на болничкиот персонал дека таа во фамилијата има позитивен случај на Ковид 19. Веднаш кога дознале, лекарите ја симнале на долниот спрат, на одделението за изолација и тогаш лекарката не сакала да се тестира. На своја одговорност потпишала дека ја напушта клиниката и отишла во приватна клиника да се породи.
Повеќе на Слободен печат.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
