-->
-->
Инспектор од Тетово испукал куршум во неговата канцеларија со службен пиштол
-->
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Ш.С., инспектор во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, казниво по член 288 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на 02.06.2020 во просториите на СВР Тетово, поради невнимателно ракување со службениот пиштол, испукал еден куршум во неговата канцеларија, при што никој не бил повреден.
Од страна на одделот за внатрешна контрола поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност преде надлежната комисија, стои во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден