Кривична против полициски службеник - му помогнал на лице барано по потерница да избега
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицето Е.К., вработен како полициски службеник во Единицата за интервентна полиција , поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“, по чл 353 ст.1 од Кривичниот законик на РСМ.
Имено, пријавениот според наодите на Одделот за внатрешна контрола при МВР на 23.04 годинава, со умисла ја искористил службената положба и овластувања и во својство на полициски службеник ги пречекорил истите, така што со намера да прибави корист за лицето А.Д. од Скопје кој се барал по потерница, го известил дека полицијата го бара и му овозможил да побегне од местото каде што претходно бил лоциран од страна на полицијата.
Покрај ова од страна на Одделот поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежна комисија и побарано е донесување на решение за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинска постапка.
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија